МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЛОКОМОТИВА ВО ОВА КОЛО ГОСТУВА ВО УДОВО И СО ПОБЕДА КЕ СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА БИДЕЈКИ ЦРНИЛИШТЕ Е СЛОБОДНО

Третолигашите овој викенд го играат редовното 18 коло. Во групата југ во минатото коло имаше многу киксови особено од фаворитите и пред се од лидерите на табелата.Лидерот на табелата, екипата на Ново Црнилиште во ова коло е слободна што му дава можност на тимот на Локомотива од Градско да се врати на врвот на табелата. Но за да дојде до тоа тие ке мора да слават на гостувањето во Удово кај тимот на Младост. Превалец на домашен терен не би требало да има проблеми со Илинден од Башино Село. Истото важи и за средбите Напредок - Питу Гули и Братство - Г. Коњари каде домаќините се апсолутни фаворити.Екипата на Вардар од Неготино му гостува на Динамо но ке ја има фаворитската улога. Гостува и екипата на Марена но тие ке мора да се надминат себеси ако сакаат позитивен резултат на гостувањето кај Дојранско Езеро. И Обршани како гостин е фаворит на гостувањето во Кривогаштани

М.В.