ВОДЕЧКИТЕ ЕКИПИ НА ИСТОКОТ НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ИМААТ НИКАКВИ ПРОБЛЕМИ ВО 22 КОЛО

Фудбалските второлигаши од групата исток ке го одиграат 22 коло. Водечките екипи гостуваат но не би требало да имаат проблеми. Тиквеш му гостува на комшиите во Росоман кои се последни на табелата додека штипска Брегалница гостува на претпоследната Плачковица. Победа во Прилеп ке ја пречека Слога од Виница. На останатите две средби можат да се очекуваат неизвесни дуели. Во Кочани Осогово го пречекува Кит Го а во Гевгелија Кожув ке ја нагости Саса.

М.В.