МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МИРКОВИЌ И ТАСЕВ ПОСЛЕДНИ ЗАСИЛУВАЊА ЗАСЕГА А УШТЕ НЕКОЛКУ ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ФУДБАЛЕРИ СЕ НАОЃААТ НА ПРОБА

Фудбалерите на Тиквеш продолжуваат да се подготвуваат за настапите во првата лига.Oдиграа и еден контролен натпревар во кој го совладаа тимот на Македонија ЃП со резултат 4:2. Во среда,на 7 јули кавадарчани ке одиграат уште еден контролен во Кавадарци и тоа со Работнички, по што на 11 јули ке заминат на подготовки во Охрид ,по што на 11 јули ке заминат на подготовки во Охрид. Што се однесува до играчкиот кадар клубот се раздели со 4 фудбалери засега а нови имиња во ростерот на тренерот Пане Блажевски се Иван Ивановски кој се врати од Силекс, голманот Дарко Тофилоски кој дојде од екипата на Трепча од Косово,Александар Мишов се врати од Борец од каде дојде и Роберт Коцев. Последни официјални принови во клубот се Урош Мирковиќ кој дојде од екипата на Чапљина од првенството на БИХ а има настапувано и за екипите на Борац Бања Лука, Крупа и Радник Сурдулица. По 1 година во ФК Работнички Скопје клубот го врати и младиот Данаил Тасев. Да споменеме дека во клубот на проба се уште 5-6 фудбалери за кои управата на клубот и стручниот штаб допрва треба да се изјаснат.

М.В.

209569341_204261841587017_4930466392537331827_n