МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со победа против Динамо нагости, екипата на Вардар од Неготино и дефинитивно ке игра бараж за единствената втора лига

Утре со почеток од 17.30 екипите од ТМФЛ група југ ке го одиграат претпоследното 25 коло. Лидерот на табелата, екипата на Вардар од Неготино има лесно гостување во Прилеп кај екипата на Динамо и со победа ке се промовира како нов шампион во ТМФЛ група југ а тоа ке значи дека ке игра бараж за пласман во единствената втора лига. И второпласираниот тим на Превалец има лесно гостување кај фенерџијата Возарци но заостанува 5 бода зад лидерот. Екипата на Росоман која цврсто го држи третото место во ова коло ке го одигра дербито на гостувањето кај Големо Коњари. Гостува и екипата на Питу Гули и тоа кај Младост во Кривогаштани. Ново Црнилиште го пречекува Обршани а Слога во Лажани ке игра со Бучин. Во ова коло слободен е тимот на Марена

М.В.