МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките фудбалери на своите навивачи им приредија уште едно големо разочарување. Во Кавадарци гостуваше екипата на Ренова и наместо да ја забележат првата прволигашка победа и да покажат дека заслужуваат место во првата лига, кавадаречките фудбалери ја отпеаја старата песна. Одиграа анемично, со премногу дефанзива и без проблеми за противничката одбрана а тимот од Тетово го искористи максимално тоа и одигра доволно добро во рамките на шестото коло на ПМФЛ, и успеа да освои цел плен и да замине дома со трите бода. Гостите поведоа со голот на Емран Рамадани во 24 минута. Тиквеш играше, привидно ја контролираше целата игра на теренот но нападот го немаше. Во второто полувреме иста слика а згора на тоа и неколку лоши измени кога домашните фрлија се на една карта. Тиквеш постигна гол кој беше поништен поради наводен офсајд.Во судиското продолжение Селмани ги постави конечните 0-2. По натпреварот публиката го напушти стадионот со барање за промени на клупата на Тиквеш. Во останатите средби од ова 6 коло Академија Пандев со 4-1 ја совлада Македонија ЃП, Работнички со 2-0 славеше над Брегалница, Борец успеа со 2-1 да го совлада Пелистер а минимална победа од 1-0 славеше Струга против Скопје. Шкендија и Шкупи по меѓусебен договор својот натпревар ке го одиграат утре.Во следното коло, наредниот викенд Тиквеш ке и гостува на Брегалница во Штип.

М.В.