МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Како и кој ке ја пополнува новата единствена втора лига од следната сезона

Кога станува збор за фудбалските третолигаши, тековната сезона е во вистински хаос. Од пет региони сезоната официјално ја започнаа само два – југозапад и Запад а останатите три – Југ, Север и Исток воопшто не стартуваа.

После долго одолговлекување во недела на 27 февруари ке стартува и третата лига југ и со забрзано темпо треба да заврши до крајот на месец мај. Но сега се поставува прашањето како ке се пополнува втората лига која од следната сезона ке биде единствена. Пред стартот на новата сезона беше познато дека ке нема директен пласман во втората лига за третолигашките шампиони. Тоа значи дека петте шампиони од третите лиги заедно со послабиот од бараж дуелот на седмопласираните од двете втори лиги како шеста екипа ке играат 3 бараж дуели а победниците ке обезбедат место во втората лига. Сега откако два региони нема да ја одиграат сезоната а Југ во три месеци ке ја одигра целата, третолигашите од Југозападот и западот реагираат и бараат да нема баражи односно директен пласман во втората лига. Овие третолигаши како аргументи ги наведуваат големите трошоци пред се за плати на играчите за овие 9 месеци вкупно, потоа за тестови за невакцинирани играчи, храна, превоз и сл. А на крај да треба да играт бараж соо екипа или екипи кои во три месеци би одиграле цела сезона или пак воопшто не би играле. Се отвара и прашањето за правилно пополнување на втората лига од страна на третолигашите. Ако Север и Исток не играат кој би го завзел местото на овие екипи.

Дали тоа би биле второпласираните екипи од регионите каде се игра или ова би значело спас за некои второлигаши бидејки во јавноста веке се појавија шпекулации дека седмопласираните второлигаши би обезбедиле сигурен опстанок а осмопласираните второлигаши наместо испаѓање би играле бараж за опстанок. Да потсетиме дека од следната сезона втората лига ке биде единствена и во неа ке се натпреваруваат 16 екипи

Мики Виденовиќ