МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Росоман и Марена со домашни победи, Возарци со дебакл на гостувањето кај Динамо

Вчера се одиграа средбите од вонредното трето коло од ТМФЛ група југ.

Марена на домашен терен во финишот го совлада Питу Гули со 2-1. Росоман беше убедлив со 3-0 против Обршани, а Возарци ДМД доживеа дебакл на гостувањето кај Динамо и загуби со 7-0. Превалец со сигурни 4-2 го доби тимот на Младост а Слога во Лажани одигра само 0-0 со Големо Коњари.

Денеска во Неготино се игра натпреварот помеѓу Вардар и Ново Црнилиште а тимот на Бучин е слободен бидејки Напредок од Крушеани се откажа од натпреварувањето.На табелата води Слога со 7 бода од три средби. Следуваат Росоман, Превалец, Питу Гули и Марена со по 6 но Росоман и Марена имаат одиграно само по две средби.

M.В.