МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во одложен натпревар од 2 коло на гостувањето во Кривогаштани, Младост и Росоман одиграа 1-1

Во одложениот натпревар од 2 коло во третата лига – Југ, екипата на Младост успеа да му откине 2 бода на фаворитот Росоман играјќи 1-1. На теренот во Кривогаштани домаќинот прв поведе веке во 9 мин со голот на Ивица Мијајлески. Меѓутоа по само 10 мин Росоман успеа да израмни со голот на Бојан Миланов. До крајот на средбата мрежите мируваа па двете екипи ги поделија бодовите. По 4 кола Росоман е прв на табелата со 10 бодови пред Питу Гули и Превалец кои имаат по 9 но Превалец има натпревар помалку. Следуваат Вардар Неготино, Големо Коњари и Слога Лажани по 7 бода но и Неготинчани имаат средба помалку.

Марена во моментов е на 7 позиција со 6 бода и средба помалку. Марена требаше да го одигра натпреварот со Обршани нагости но средбата по вторпат беше пролонгирана овој пат зарад ненадејната смрт на Пане Коцев- поранешен фудбалер, тренер и истакнат спортски работник од ФК Марена. Од нашиот регион екипата на Возарци ДМД е последна на 13 место со 4 порази а пред неа е токму тимот на Обршани кој има 3 порази од исто толку средби.

М.Виденовиќ