МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Росоман со втор пораз во серија а Марена се врати со бод од гостувањето кај „Бучим„

7 коло во третата фудбалска лига – југ донесе горе-доле очекувани резултати. Дербито на колото се одигра во Неготино каде Вардар го пречека Росоман и славеше со 3-0. Неготинчани со оваа победа се искачија на втората позиција а за Росоманчани ова беше втор пораз во серија. Марена се врати со голем бод од гостувањето кај Бучим каде одигра 2-2. Питу Гули на гостувањето кај Превалец одигра 1-1 и покажа зошто е во самиот врв на табелата. Возарци ДМД прокнижи уште еден убедлив пораз шести по ред . Ново Црнилиште на гостувањето кај Возарци славеше со 1-5. Динамо на теренот со вештачка трева во Прилеп со 4-2 го совлада Младост од Кривогаштани а Слога во Лажани со 1-0 го доби Обршани. На табелата води Превалец со 16 пред Вардар Неготино со 14 а следуваат Росоман и Големо Коњари кои собраа по 13 ..

М.В.