МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Кавадарчани беа подобар противник и со мудра игра заслужено победија Во 26 коло од ПМФЛ во Кавадарци гостуваше тимот на Струга ТЛ. Од првиот свиреж кавадарчани наметнаа своја игра имаа многу поголем посед на топката и ја контролираа играта. Многу рано играта ја напушти Александар Митов заради повреда а Влатко Костов се дрзна и на негово место го уфрли 18 годишниот Мартин Тодоров.Во 39 мин фаул врз Тодоров кој го изведе Љамчевски, во противничкиот шеснаесетник највисоко скокна и најдобро се снајде Ристе Каракамишев кој го отвори резултатот. Само една минута подоцна повторно Тодоров влезе во противничкиот шеснаесетник нафрли на втора статива а реализираше Едис Спахиу. Во вториот дел темпото на Тиквеш опадна Струга се обиде да нападне но нападите беа јалови. Тиквеш одигра тактички мудро и трпеливо и заслужено се радуваше на новата победа. viber_image_2022-04-06_17-49-33-323 viber_image_2022-04-06_17-49-33-917 М.В.