МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 27 август по повод празникот Голема Богородица се одржа финалната вечер на турнирот во мал фудбал.

За трето и четврто место се натпреваруваа екипите на „Ивада шест куќи“ и „Жак Транс“ каде што победи екипата на Жак Транс.Потоа следуваше финалниот натпревар помеѓу екипите на „Црна Река„ и „Уни Паб“ каде што победи екипата на „Црна Река“.По оваа победа следуваше прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите од страна на претседавачот на советот Петар Мојсов. Покрај паричните награди на победниците им беа доделени и пехари.