МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВИКЕНДОВ НА ПРОГРАМАТА Е ПРЕТПОСЛЕДНОТО КОЛО ОД ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК

Фудбалските второлигаши викендов ке го одиграат претпоследното 26 коло од регуларниот дел од сезоната. Новите прволигаши веке се познати. Тоа се Брегалница на истокот и Скопје од западната конференција. На истокот се знае и кој ке игра бараж за прва лига. Тиквеш ја обезбеди втората позиција .

Фудбалската сезона 2019/2020 беше прекината во месец март 2020 заради пандемијата. Тогаш првата лига броеше 10 екипи а ФФМ одлучи да ја прошири истата со екипите кои во тој момент беа први во двете втори лиги а бараж дуели воопшто не се играа. Новата, сеуште актуелна сезона 2020/2021 стартуваше со 12 екипи во првата лига а со тоа според правилниците на ФФМ дојде до мали измени околу испаѓањето од првата лига но и за бараж дуели за пласман во истата. Од првата лига изпаѓаат директно екипите на 11 и 12 позиција. Беласица е сигурен второлигаш на позицијата број 12 а во моментов на позицијата 11 е Вардар кој има 4 бода помалку од најблиските екипи Ренова и Академија Пандев на две кола до крајот. Штипска Брегалница и Скопје веке се нови прволигаши како првопласирани во двете втори лиги. Второпласираните од вторите лиги нема да играат мегусебен бараж туку заради фактот што првата лига брои 12 екипи ке играат само еден натпревар и тоа со екипите кои сезоната во првата лига ке ја завршат на позициите 9 и 10. Баражите ке се играат според територијалната припадност. Ако прволигашите се од различна територијална припадност (исток и запад) ке се игра по принцип исток со исток , запад со запад. Меѓутоа ако прволигашите бидат од иста територијална конференција тогаш паровите ке се одредат со посебен жреб.Засега се знае дека само ГФК Тиквеш од Кавадарци е сигурен учесник во баражот од втората лига исток. Учесникот од втората лига запад ке се дознае по одигрувањето на последните две кола а во конкуренција се екипите на Велешта, Охрид и Гостивар. Кај прволигашите рековме се знае само дека Беласица се сели во втората лига исток а вториот патник можеби ке се дознае во недела. Имено доколку Струга на домашен терен го победи Вардар тогаш нашиот најтрофеен клуб ке се пресели во понизок ранг. Ако Вардар слави во Струга само ке го прошири списокот на екипи кои се борат за опстанок во првата лига а таму уште се и екипите на Ренова, Академија Пандев, Силкс и Борец. Само да споменеме дека ке се игра само еден бараж дуел и тоа на неутрален терен.

Да споменеме дека викендов продолжуваат и натпреварите во првата женска фудбалска лига додека третолигашите и општинските сојузи и натаму се на стенд бај бидејки и натаму важи правилото за задолжителен КОВИД тест пред секој натпревар. Тоа значи дека ке мора да ја почекаме одлуката на ФФМ дали Локомотива од Градско ке го завземе местото на Росоман во втората лига иусток и што ке се случи со општинската лига Кавадарци односно која екипа следната сезона ке игра во третата лига југ.

М.В.