МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Извојувана е значајна победа во гости против Металург

Денеска на стадионот „Борис Трајковски„ во Маџари -Скопје како гостин ГФК“Тиквеш„1930 извојува вредна победа против екипата на ФК Металург АД .Ова беше натпревар од 25 коло од Втората Македонска Фудбалска лига .Столе Дунимагловски го постигна првиот гол за кавадарчани од пенал . Вториот гол за Тиквеш го постигна Наумче Бакрачески .И денеска подршка од трибините им дадоа навивачите на Лозари- Исток, кои како што ветија, остануваат до крај со својот клуб. ГФК ТИКВЕШ-1930 сега се наоѓа 8 место на табелата со 25 бодови , пред Вардар- Неготино и Тетекс -Тетово со што се зацврстува на ова позиција а со тоа стануваат реални шансите за останување во оваа лига. Следното коло Тиквеш му гостува на ФК ТЕТЕКС .

На другите средби денеска беа постигнати овие резултати:

ФК МЕТАЛУРГ 0 - 2 ГФК Тиквеш 1930 КавадарциГФК ВАРДАР Неготино 1 – 1 ФК ТЕТЕКСФК ВЕЛАЗЕРИМИ 77 3 - 1 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВОФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2 - 0 ФК ЕУРОМИЛК ГЛФК СКОПЈЕ 2 - 1 ЗФК НОВАЦИ 2005