МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кошаркарите на Карпош Соколи во Кавадарци го совладаа Фени Индустри со 78-90 (22-21, 22-27, 21-20,13-22).

До победата дојдоа во последната четвртина.За тимот на Николиќ, ова е втор триумф, по оној во првото коло против најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички.

Најефикасен во победничкиот тим Зековиќ со 18 поени, Пери - 17, а Трајковски 15 поени, Во тимот на Фени Индустри Николовски со 18 и Пантиќ со 14 поени беа единствени двоцифрени. Во наредното суперлигашко коло кое е закажано на 25 март екипата на Карпош Соколи гостува кај Куманово, додека Фени Индустри исто така се соочува со гостување, кај Кожув.