МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОЧНУВААТ ДА СЕ ОДИГРУВААТ ЗАОСТАНАТИТЕ И ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Поради настапите на нашите клубови на меѓународна сцена сезонава има и премногу одложени односно пролонгирани натпревари во машката кошаркарска елита. За во среда со почеток од 18 часот закажан е натпреварот ЕуроНикел - Куманово средба која според првичниот официјален распоред требаше да се одигра во 5 коло кое регуларно беше закажано на 18 ноември минатата година. Досега Еуро Никел одигра 18 средби и забележа 12 победи и 6 порази.Куманово пак одигра само 15 средби во кои славеше победа 10 пати а 5 пати загуби. Оваа средба е од големо значење за двете екипи и нивната борба за место во плеј офот. Доколку кавадарчани слават победа ке може да се рече дека со една нога ке бидат во плеј офот а кумановчани кои сега заостануваат 5 бода зад ЕуроНикел ке треба да бидат максимални во трите средби кои ги имаат помалку доколку сакаат да ги стигнат кавадарчани.

М.В.