МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кошаркарите на Фени Индустри продолжуваат со фантастичниот старт на новата кошаркарска кампања, запишувајќи ја и петтата победа по ред, овој пат над тимот на Куманово 2009 со 72-64.

Тројката на Андреј Магдевски од половина терен со звукот на сирената, му донесе предност од еден поен на избраниците на Малинков по воведните 10 минути игра, за со одличната партија на Матеја Чешковиќ, надополнет од Шарабидзе и капитенот Николовски, Фени да замине на полувреме со предност од 6 поени, 41-35. Предноста на Фени продолжи да расте и во второто полувреме, па по нецели 5 минути игра Фени веќе имаше солидна предност од +13, која до крајот на претпоследниот дел порасна на +15, откако Шарабидзе атрактивно ја заби топката во обрачот. Двоцифрената предност избраниците на Малинков љубоморно ја чуваа се до завршните 90 секунди кога кумановци стигнаа до 67-60, откако Костовски погоди тројка, но и тоа беше премалку за драматичен финиш затоа што мирната рака на Магдевски од линијата за слободни го осигура триумфот од 72-64, за петта победа во петте воведни кола.Со 16 поени Николовски повторно беше прв стрелец во тимот на Фени, за кој одлична партија одигра и Чешковиќ, завршувајќи го мечот со 15 поени и 5 асистенции.Кај гостите вообичаено најефикасен беше Костовски кој доби аплаузи на отворена сцена од кавадаречката публика, која го поздрави неговиот трансфер во Романија.Во следното коло Фени му гостува на тимот на Струмица.