МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОДЛОЖЕН Е НАТПРЕВАРОТ БОРЕЦ БАСКЕТ - ПРО БАСКЕТ

Викендов во рамките на 8 коло од ВМКЛ ке се одиграат само 4 натпревари. Колото ке биде некомплетно поради неповолната здравствена слика во дел од клубовите од оваа конкуренција. Во групата исток ке се одиграат само два натпревари.Првиот е во сабота навечер а станува збор за струмичка пресметка во која силите ќе ги одмерат екипите на „Струмица„ и „Ролинг“. Во недела пак досега непобедениот состав на „Ангели“ ја пречекува екипата на „МКК Куманово“. Останатите средби се одложени а меѓу нив и средбата „Борец Баскет„ - „Про Баскет“. На западот ќе се одиграат исто така две средби и тоа во саботни термини. Екипата на „Тетекс“ го дочекува тимот на „Пелистер Медика Карта“. Екипата на „Ринија“ пак ќе ја предизвика „Хераклеа“, актуелниот лидер во оваа западна конференција од Втората лига.

м.в.

131228257_929442380925422_1857091875143635169_n (1)