ПЕЛИСТЕР СЕ ВРАТИ НА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА А КУМАНОВО И ДЕФИНИТИВНО ОБЕЗБЕДИ ПЛЕЈ ОФ

Викендов се одиграа 4 заостанати средби од кошаркарското првенство на Македонија. МЗТ Скопје немаше проблеми со Вардар и победи со 82:66. Пелистер не дозволи изненадување во Битола и го декласираше ТФТ со 104:68. Работнички беше непријатно изненаден на домашен терен. Гостивар стави крај на победничката серија на скопјани со победата од 79:83. Во Струга Куманово се намачи со Црн Дрим и победи минимално со 81:83 со што и дефинитивно си обезбеди место меѓу осумте најдобри.

М.В.