МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Девојките од Каменица го повторија успехот од лани а ТФТ го изненади МЗТ

Викендов се одигра кошаркарскиот Куп на Македонија кој го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур. Еве како по редослед се одвиваа настаните на ова натпреварување. Во машките четвртфинални дуели Пелистер беше изненаден од ТФТ и загуби со 93-105. МЗТ тесно и среќно го доби Гостивар со 87-85. Работнички се посрамоти и загуби од Феникс со 49-74 а се посрамотија и кавадарчани бидејки фаворитот Еуро Никел загуби од ФМП со 88-91.

Во полуфиналните дуели од женска конкуренција Бадел лесно ја доби Струга со 80-44 а Баскет Кам малку се помачи со Вардар и славеше со 74-64. Во првото машко полуфинале ТФТ убедливо го доби ФМП со 94-72 а во второто полуфинале МЗТ повторно тешко го доби Феникс со 76-66

Во женското финале Баскет Кам го повтори успехот од минатата сезона и го совлада Бадел со 61-64 во продолжение од 5 мин откако во регуларниот дел средбата заврши 58-58. Кристина Пуљизовиќ која во финалето постигна 23 поени а имаше и 18 скока се здоби со титулата МВП

Во машка конкуренција пехарот по прв пат отиде во витрините на ТФТ кој со 80-66 го совлада десеткратниот куп освојувач МЗТ. Иако Хортон средбата ја заврши со 23 поени и 7 скока сепак награда МВП ја доби Амир Смит кој средбата ја заврши со 12 поени но и огромни 17 скока.

м.в.

274244593_504516031190675_6410109435407572258_n