МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Викендов се играат средбите од кошаркарскиот суперкуп - кај мажите ке играат МЗТ и Работнички а кај жените Баскет КАМ и Бадел

Во сабота со натпреварите од Суперкупот на Македонија во машка и женска конкуренција стартува новата сезона во македонската кошарка. Од оваа година, Суперкупот ќе го носи името „Драган Василов Цевка“, во чест на еден од најдобрите тренери на млади категории во земјава, кој почина минатата година. Во машка конкуренција ќе играат вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички, а кај дамите ќе се сретнат Баскет Кам и Бадел. Натпреварот за трофејот во женска конкуренција на програмата е во сабота, 25 септември од 17 часот, а во 19:30 е големото скопско дерби. На двата натпревара ќе биде дозволено присуство на публика, но само до 30% од вкупниот капацитет на салата СРЦ „Кале“. Сите заинтересирани љубители на кошарката ќе мора да покажат документ за вакцинација издаден од надлежните здравствени органи во државата. Суперкупот кај мажите се игра по пауза од 5 години, а досега се одржани осум изданија. Најтрофеен тим е МЗТ Скопје со три трофеи, Работнички и Николферт имаат по два , а Струмица еден.

М.В.

242555164_810473269629172_7787735636758975705_n