Токму затоа од клубот не брзаат околу екипирањето и играачкиот кадар

Кавадаречката кошарка преку Еуро Никел, а претходно и како Фени Индустри повеке од една деценија е во самиот врв на македонската кошарка. Последните две сезони кавадарчани се во топ-3 екипите во домашното првенство. Минатата сезона кавадарчани како вицешампиони се надеваа дека ке учествуваат во АБА 2 лигата а интерес постои и оваа сезона. Првенството беше крајно израмнето единствено МЗТ Скопје и Пелистер отскокнуваа за нијанса од другите екипи но до самиот крај не се знаеше кој ќе игра во Суперлигата. За Еуро Никел хендикеп беше повредата на Кирил Николовски па без него стигнавме само до третото место кое дава шанси за АБА 2 лигата. Многу работи за новата сезона зависат од тоа дали Еуро Никел ке учествува во АБА 2. Затоа од клубот не брзаат со формирањето на ростерот бидејќи доколку се игра во регионалната лига ќе треба и значително да се засили тимот. Затоа од клубот сеуште не можат да не информираат со сигурност кои кошаркари ќе останат од актуелниот играчки кадар бидејќи во договорите на некои од нив има посебни клаузули кои треба да се исполнат или активираат. Според одредени медиуми сигурни за следната сезона се домашните играчи: Соколов, Караколев, Златев, Николовски и Стојановски. Исто така на стартот на мината сезона постоеше интерес и за формирање на втор тим кој би играл во понизок ранг но истиот мораше да биде регистриран како посебен правен субјект. Останува да видиме дали клубот ке го продолжи и овој интерес за втора екипа во која би се калеле помладите.

М.В.