Кавадарчани ја прекинаа црната серија и најавија подобри времиња.

Во рамките на 7 коло од ПМКЛ актуелниот вицешампион ја забележа втората победа сезонава, ставајќи со тоа крај на црната серија од пет порази во низа. Во составот на Еуро Никел се најде повратникот Џексон Дубински што веднаш позитивно се одрази на играта на кавадарчани. Играа полетно и разиграно а организацијата на играта повторно беше на високо ниво. Во составот повторно го немаше Предраг Самарџиски кој се уште има проблеми со повредата. Кавадарчани средбата ја добија веке во првата четвртина која ја решија со убедливи 30-15. Во продолжението противникот најмногу што успеа е да се приближи на шест поени негатива, но кавадарчани комотно го приведоа натпреварот кон крајот. Во отсуство на Самарџиски, Томиќ и Ѓекиќ го затворија рекетот и средбата ја завршија со дабл дабл учинок. Томиќ 23 поени и 13 скока а Ѓекиќ 10 поени и 13 скока. Соколов додаде 19 поени а Димчевски 17 од кои 5 тројки. Кај Феникс Морган даде 24 поени а имаше и 11 скока а Џонс додаде 19 поени. Кавадарчани победата му ја посветија на нивниот тренер Горан Самарџиев кој не ја водеше екипата бидејки беше позитивен на КОВИД па на оваа средба тимот го водеше Атанас Манев. Во останатите средби Куманово - Кожув 85-89, Работнички - ФМП 100-77 и Гостивар - ТФТ 89-75. Средбите Ангели - МЗТ И МЗТ 2 - Пелистер се играат утре.

М.В.