МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со победа кавадарчаани ке си го осигураат учеството во плеј оф завршницата

Кошаркарите викендов ке го одиграат предпоследното 21 коло од регуларниот дел. Позициите 1,2 и 3 за плеј офот се на некој начин резервирани за Пелистер, МЗТ и ФМП но за останатите три ништо не е сигурно. Моментално на позициите 4, 5 и 6 со ист број бодови 32 се наоѓаат Гостивар, ТФТ и Еуроникел а бод помалку има Феникс. Ова коло ке почне да ги решава непознатите. Во сабота се игра дербито помеѓу Гостивар и Пелистер а со пораз гостиварчани сами ке си ја замрсат судбината. Во недела МЗТ го пречекува Феникс кој доколку загуби шансите за плеј оф ги сведува на минимум. Во недела играат и МЗТ 2 – Куманово и Ангели – Кожув а Еуроникел ке се обиде на гостувањето кај Работнички да остане непоразен и да си осигура место во плеј офот со победа. За Работнички сезонава е разочарувачка па дури и не обезбедија место меѓу 6 најдобри. Во среда на 6 април својот натпревар ке го одиграат ТФТ и ФМП а сите очекуваат победа за домакинот. Сепак се очекува дефинитивната разврска да ја дадат средбите од последното коло.

М.В.