МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани се многу близу да го освојат третото место во плеј офот зад Пелистер и МЗТ

Екипата на ЕуроНикел го совлада на домашен терен директниот конкурент во борба за третото место на табелата, екипата на ТФТ со 87-73. Првото полувреме беше апсолутно израмнето. Првиот период заврши со резултат 25-25 а на полувреме беше 42-42. Во второто полувреме кавадарчани се одлепија на двоцифрена предност која ја сочуваа до крајот. Ѓекиќ беше најефикасен со 22 поени, Соколов уфрли 21 а Томиќ додаде 14 со 10 скока. Во останатите средби Пелистер - Гостивар 71-72 и Феникс - МЗТ 70-78.Во плеј аут лигата се постигнаа следниве резултати. Ангели - Работнички 72-64, Кожув - МЗТ 2 102-96 и Куманово - ФМП 88-84Веке во недела ке се одиграат средбите од 4 плеј оф коло. Кошаркарите на Еуроникел ке патуваат во Битола кај ранетиот лидер Пелистер кој ке треба да се вади за поразот од Гостивар. ТФТ го пречекува Феникс а МЗТ игра со Гостивар.Во плеј аут групата се среќаваат : ФМП - Кожув, Работнички - Куманово и МЗТ 2- Ангели.

М.В