МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Четири дена по поразoт во финалето на националниот куп, кошаркарите на Фени Индустри се враќаат на вообичаениот натпреварувачки ритам.

Денесka кавадаречките кошаркари му гостуваат ни тимот на Берое во рамките на редовното коло од балканската БИБЛ лига. Евентуалната победа значително ќе му го поедностави патот на кавадаречките кошаркари до наредната фаза, иако најверојатно се ќе одлучува натпреварот против Кожув кој е закажан за почетокот на идната седмица. Но, до тој натпревар престои и дуелот со Струмица на домашен терен, и секако денешниот кој е со почеток од 18 часот и 30 минути.