МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Педесетина џудисти од сите возрасти од џудо клубовите Гладијатор од Кочани, Сенсеи од Радовиш и Кожувчанка од Кавадарци во неделата, 5 март, во спортската сала „Јасмин“ оддржаа заеднички тренинг

Oсвен со своите тренери, Драган Шеќероски, Наде Ристов, Марјан Колев и Сашко Ангелов, имаа можност да тренираат и со ИЏФ експертот, Габриел Сапта, носител на црн појас, шести дан.

Ова е трето гостување на високиот ИЏФ експерт во Кавадарци, откако претходно оддржа предавање за тренерите и судиите на тема нови судиски правила, а проследи и тренинг на џудистите од џудо клубот „Кожувчанка“.

„Со овој тренинг само потврдуваме дека Кавадарци е центарот на македонското џудо. Џудо клубот „Кожувчанка“ многупати до сега потврдил дека е одличен организатор на различни настани, почнувајќи од балкански и државни првенства каде критериумите се исклучително високи, семинари, обуки, подготовки, а во последните неколку години и домаќин на големи имиња од светот на џудото, како што е господинот Сапта“ - рече меѓу другото Марјан Колев, тренер на џудо клубот Кожувчанка.

Заедничкиот тренинг е дел од проектот на Интернационалната џудо федерација, Интернационален олимписки комитет, Македонски олимписки комитет и Џудо федерацијата на Македонија, а технички организатор на истиот беше џудо клубот Кожувчанка.