МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На Филип Ризов му се потребни средства за учество на Светското Кик-Бокс првенство во Италија

Се работи за апел за финансиска помош ,на спортистот на годината во Кавадарци инаку член на Кик бокс клубот „Будо“ од Кавадарци Филип Ризов .Тој треба да учествува на Светското првенство кое ќе се одржи во Римини ,Италија,од 16-ти до 18-ти јуни 2017 година.Во апелот објавен на ФБ се наведува : “Да бидеме солидарни и да му помогнеме на кавадаречкиот шампион достоинствено да ги репрезентира Кавадарци и Македонија . Паричната помош може да ја уплатите на ж.сметка: КИК БОКС КЛУБ БУДО КАВАДАРЦИ 370061100289552 - ЕУРОСТАНДАРД Банка . Спортски поздрав и oднапред благодариме“.И заслужува Филип да замине на Светско првенство.