МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во сенка на големиот успех на ракометниот клуб Вардар, ракометарите на ракометниот клуб Тиквеш од генерацијата 2002/2003 ја освоија мини лигата на ракометниот клуб Металург и уште еднаш потврдија дека Кавадарци е вистински расадник за млади таленти.

На завршниот фајнл фор во лигата кој се одигра вчера во Скопје, избраниците на Ќире Василев во полуфиналето демонстираа надмоќност над тимот на Макстил, совладувајќи го со 29-15, во меч во кој уште по првото полувреме тимот на Тиквеш имаше позитива од 10 гола. Во истиот стил младите кавадарчани продолжија и во финалето, недозволувајќи му на тимот на Торо Спорт да се понадева на нешто повеќе од чесен пораз, совладувајќи ги со 13-21.

25_dsc0533_resize.jpgСо двата триумфи во последните два натпревари ракометарите на Тиквеш ја потврдија перфектната сезона во која без пораз стигнаа до шампионскиот наслов. Покрај екипното признание, Тиквеш го има и новиот македонски ракометен бисер и најдобар млад играч на првенството во името на Мартин Петров.

29_dsc0564_resize.jpg