МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kлубот за боречки спортови „Будо“ од Кавадарци, во сабота, 12 ноември, во Демир Капија организира аматерски кик бокс натпревар.

На натпреварот кој е во организација на „Будо“ клубовите од Кавадарци, Демир Капија и Велес учествуваат 22 натпреварувачи кои ќе понудат 11 борби и презентации на техники и музички форми. Се очекува настанот да го посетат и градоначалникот на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, претседателот на кик бокс федерацијата на Македонија, Дејан Митровски - Урко и трикратниот светски шампион Димитар Ѓорѓиев, а на истиот ќе бидат доделени медали и сертификати за најдобрите.„Со овој турнир само го заокружуваме успехот на „Будо“ клубовите кои во 2016 година постигнаа солидни резултати како на државни, така и на меѓународни натпревари, освојувајќи повеќе од 30 медали и промовирајќи седум државни прваци кои го претставуваа градот и Тиквешијата во најдобро светло“ - рече меѓу другото Александар Ристовски, тренер во клубот за боречки спортови „Будо“.

Budo-Kavadarci-na-DP-kik-boks-Negotino-2016-1.jpg

Почетокот на натпреварот кој ќе се оддржи во спортската сала во Демир Капија е закажан за во 18 часот, а влезот за истиот е слободен.