МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Филип Ризов го освои златниот медал на Балканското првенство во Бјело Поље, Црна Гора.

Најдобриот спортист на општина Кавадарци за 2016 година беше доминантен во јуниорска конкуренција во кик лајт откако во финална борба славеше со 3-0 над репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

„Филип полека но сигурно се искачува по скалите на успехот. Упорната работа и желбата за победа без падови во подготовките го искачува на врвот во кик - боксот во Македонија. Голем успех овој викенд, богат и исполнет со медали од интернационални натпревари. Повторно докажуваме дека сме водечки клуб од ваков карактер во нашата земја. Освести се Кавадарци! Имате златни деца во градот желни за докажување и успеси“, напиша тренерот на клубот за боречки вештини Будо, Александар Ристовски на својот фејсбук по освојувањето на златниот медал.