МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадречкиот кик бокс клуб е изразито успешен, и има нагорен тренд според резултатите

Oбјавен е извештајот на Кик бокс федерацијата за 2017 година

Според достигнавањата во изминатата натпреварувачка 2017 година, согласно "Бодовниот национален натпреварувачки систем на КБФМ" и "Одлуката за рангирање на клубовите во КБФМ за 2017 година" донесена од ИО на КБФМ, најдобри Кик бокс клубови во 2017 година по редослед на успешност се:

1. КБК ШАМПИОН Скопје

2. КБК ГЛАДИЈАТОР Скопје

3. КБК БУДО Кавадарци

4. КБК ГЛАДИЈАТОР Штип

5. ФАЈТ ТИМ Скопје

6. ПРОКИК ФЕМИЛИ Скопје

Честитки до најуспешните и поттик до останатите да ги следат подобрите.

Да потсетиме кавадаречкиот Кик бокс „Будо„клуб работи под раководство на тренерот Александар Ристовски кој несомнено е еден од најдобрите тренери во овој спорт кај нас.Тоа што Филип Ризов е најдобриот спортист на Кавадарци веке две години како кик-боксер не е случајност. Исто така во прилог на тоа е и фактот што поголем број од членовите на „Будо“ се врвни натпреварувачи.Тоа многу зборува за сериозноста и ентузијазмот кој се вложува .

Инаку официјалниот извештај е објавен и во Агенцијата за млади и спорт на РМ.