МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ракометниот клуб Тиквеш го освои второто место за генерацијата 2004 и помали на ниво на Македонија во лигата на „Металург“ на завршниот турнир.

На Финалниот турнир кој се одигра во Скопје во салата Автокоманда учеств уваа РК Сани-Охрид, РК ПГ Скопје, РК Торо Спорт-Виница и РК Тиквеш.

Првото место му припадна на РК Торо Спорт, втори беа кавадарчани а трети РК Сани, додека четврти ПГ под Скопје.

Најдобар голман е прогласен нашиот Благој Панов- со што тој само ја потврдува својата одлична форма , ни изјави за турнирот тренерот на ГФК Тиквеш, Кире Василев кој работи и со ракометните надежи на Кавадарци.