МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Околу 100-тина најверни навивачи на КМФ Црна Река ја имаа среќата да уживаат во фустал магијата која ја приредија играчите на Црна Река, додека единствени разочарани вечерва останаа играчите на КМФ Кратово кои од Кавадарци си заминаа со 10 гола во својата мрежа.

Резултатската неизвесност траеше се до финишот на првото полувреме кога Конев најпрво погоди за 2-0, а веднаш потоа гостинската мрежа да ја затресе Мехмединовиќ за сигурни 3-0. Голеадата на кавадаречките играчи продолжи и на стартот на второто полувреме во кое за само 5 минути постигнаа 4 гола. Најпрво капитенот Мицев го претвори во гол пеналот кој го изнуди Конев, за веднаш потоа да следуваат головите на Станоев и Гацев. До крајот единствена непозната беше крајниот резултат, па во релаксираниот финиш Црна Река постигна 3, а прими 2 гола за конечни 10-2. По осум одиграни кола кавадаречкиот тим е на шестата позиција, но со одлично бодовно салдо па само една мала победничка серија може да го вивне во самиот врв на првенствената табела.

45166171_1017235098448237_6526035461461245952_n.jpg

д.у.