МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во просториите на Општина Демир Капија се одржаа втората и третата работилница од проектот “Силни граѓански организации за позитивни социјални промени”

Tие се одвиваа во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со партнерите Центар за оддржлив развој - Алка Скопје и Институт за развој на заедницата Тетово. На работилниците учествуваа претствници на Советот на општината, општинската администрација и граѓанските здруженија од Општина Демир Капија и се работеше на развивање на стандардизирана форма на апликациите и барањата за доделување на финансиски средства од општинскиот буџет, како и утврдување на методологија за распределба на средства од општинскиот буџет за поддршка на здруженија. Општинската администрација по разгледување и вметнување на забелешките и коментарите на присутните на работилниците, заедно со реализаторите на проектот ќе изготват целосна документација за транспарентно доделување на средства до граѓанските здруженија, која што понатаму ќе треба да биде разгледана и одобрена од Советот на општина Демир Капија.

35102597_2150833675148366_7747227958024077312_n.jpg

35077445_2150833595148374_2425577076699430912_n.jpg