МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска учениците од Централното и подрачните училишта во с. Бистренци и с. Корешница заедно со одделенските наставнички и наставниците по Англиски јазик, по повод Новогодишните и Божиќните празници одржаа приредби на кои преку песнички, стихотворби и драматизации ја испратија старата, а со насмевки сакаа да ја дочекаат Новата година.Покрај родителите, присуствуваа и Градоначалникот на Општина Демир Капија г. Лазар Петров, директорката на нашето училиште Менче Николова и дел од стручната служба. Градоначалникот заедно со Дедо Мраз на учениците им подели новогодишни пакетчиња и им посака здравје, среќа и успех во учењето.

Со ова успешно ја заокруживме старата година, а на учениците им посакуваме среќни и весели празници и убав зимски распуст.

48425466_1152647308226052_4766340734125080576_n.jpg48427187_1152647138226069_7544647755264688128_n.jpg49044800_1152648578225925_3353564143218065408_n.jpg