МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска граѓаните од Демир Капија и од околните населби што припаѓаат на Демиркаписка општина, го прославија големиот христијански празник Богојавление Водици.

Како што е познато на овој празник во водите на реката Јордан бил крстен нашиот спасител Господ Исус Христос од Свети Јован Крстител.По тој повод денеска претпладне верниците ја посетија црквата Света Богородица во Демир Капија за да присуствуваат на отслужувањето на светата божествената литургија посветена на Синот божји и на Света Богородица. Според преданието по отслужената света божествена литургија свештеникот Виктор Димовски, освети вода за секој верник да однесе дома за благослов на своите членови на секое семејство,а потоа верниците со икони и со запалени свеќи во рацете,како и со биењето на камбаната, три пати ја заобиколија црквата и се упатија кон реката Бошавица.На чинот на фрлањето на светиот крст во водите на реката Бошавица,верниците масовно присуствуваа со цел да видат кој годинава од скокачите ќе биде најсреќен да го извади светиот крст .По отпеаната литургија,светиот крст беше фрлен во водите на реката Бошавица.Од околу триесет скокачи најсреќен беше младинецот Симон Гелов од Демир Капија.По ова започна и честитањето на момчето што го извади светиот крст од реката Бошавица,а овде беше присутен и градоначалникот на општината Демир Капија Лазар Петров кој му честита и од страна на локалната самоуправа му додели поклон. А пак од името на Црковниот одбор при црквата Света Богородица на момчето му беше даден светиот крст да го задржи неколку дена и со него да ги посети христијанските семејства. Инаку, со посетата на членовите на секое семејство им посакуваат здравје и среќа да ги служи преку целата година.

50775235_2320060838225648_2382640988720988160_n.jpg

50069626_2320061334892265_1752606781462282240_n.jpg

50496078_2320060928225639_658124139483103232_n.jpg50201740_2320061104892288_5693010521289129984_n.jpg50497941_2320060844892314_6587494940228452352_n.jpg

50584644_2320061231558942_262134365314613248_n.jpg

50690170_2320061268225605_4240350915611066368_n.jpg