МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 11 јуни од страна на градоначалникот на општина Демир Kaпија Лазар Петров беа примени пензионерите спортисти кои учествуваа на 24 регионални спортски натпревари во Гевгелија. Од страна на претсетаделот Благоја Кавазовски Градоначалникот беше запознат за постигнатите резултати. Освоено е прво место во шутирање на гол дисциплина жени, второ место дисциплина жени фрлање пикадо и две трети места табла жени и шутирање на гол мажи. Градоначалникот им честиташе за постигнатите резултати и истакна дека ќе ги подржува пензионерите во секое поле и им посака долги пензионерски денови.Од страна на претседателот Благоја Кавазовски на градоначалникот му беше подарен медал и беше запознат за активностите кои следуваат, а тоа се екскурзии, викенд средби, прослави и учество на спортски натпревари.