МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Демир Капија започна со реализацијата на проектот модернизација на уличното осветлување.Toa значи комплетна замена на живините светилки со лед светилки.Во Демир Капија и населените места предвидено е да се заменат 763 лед светилки и поставување на 70 нови столбови од влезот на Демир Капија до Градскиот пазар во должина од 2 километри, а воедно ќе бидат поставени подземни напојни кабли за поврзување на истите.

Со промена на светилките ќе се добие подобро осветлување, заштеда на електрична енергија и намалени трошоци за одржување.Целосното извршување на предвидените активности од страна на фирмата Друштво за производство и трговија ЕЛТРА ДООЕЛ Скопје е планирано за шест месеци.