МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фестивалот на детски песнички „Гроздоберче„ ја одржа аудицијата за учество на новото 21-во ред издание .

Годинашнава продукција, ке биде целосно позната по завршувањето на аудицијата која се одржа денеска попладне во просториите на Компакт Продукција на ул:„Моша Пијаде“ 17- каде ќе бидат тонски реализирани сите песнички на фестивалот,како и на досегашните изданија .

Приказната на гроздоберчињата кои досега учествувале на било кое издание продолжува да се раскажува од овие генерации млади солисти кои имаат желба и прилика да се појават на сцената и да ги покажат своите вокални квалитети.Гроздоберче е првата скала која може да биде одлучувачка, некои од нив ,целосно да се посветат на музиката, како многу познати музички имиња во Македонија.