МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Настани во текот на неделата

Денеска со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се одржат два настани. Ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии на Осман Демири од Гостивар и промоција на книгата “Среќометар“ од Сузана Турунџиева.

Во четврток, на 30 март 2017, од 11 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, а во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, ќе се одржи детски ликовен хепенинг, со учество на ученици од кавадаречките основни училишта и со културна програма исполнета од младите кавадаречки таленти.

Во петок, на 31 март 2017, со почеток од 11 часот, исто во организација на Домот на културата од Кавадарци, ќе се одржи традиционалната “Априлијада“, со дефиле по централните градски улици со најмладите, односно деца од градинките и нижите оделенија од кавадаречките училишта

Исто во петок, на 31 март 2017, но од 20 часот, ќе се случи премиера на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци на матична сцена, со претставата “Стјуардеси“ по текст на Марк Камолети, а во режија на Диме Коцевски. Првата реприза на претставата е закажана веќе за понеделник 3 април 2017, од 20 часот.