МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во врска со вчерашната информација за извшена обљуба врз малолетничка од Кавадарци, МВР денеска излезе со официјално соопштение во кое се наведува дека:

„НК КР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Пријавениот во период од околу три месеци, во повеќе наврати, во просториите на стрелачки клуб лоциран во подрумските простории на гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци, како тренер вршел полови дејствија над тринаесетгодишно девојче . Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.