МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Театарот на сенки-за деца е нов предизвик,кој беше прифатен од децата како нови театарско доживување

Вчера во просториите на Библиотеката „ФЕТКИН“ во Кавадарци се одржа несекојдневна претстава за деца -Театар на сенки.Беше прикажана "Волшебната бајка" во изведба на Микица Илова, врвен уредник-подготвувач и презентер на куклени детски претстави од различен тип во кој се преплетуваат фантазијата и реалноста .

Овој вид на претстава за првпат се изведе во нашата библиотека на задоволство на децата и родителите.Во претставата активно се вклучија и децата кои беа воодушевени од бајката. Интерактивнота со најмладите , која ја практикува Илова почесто, и овојпат се покажа доста прифатлива.Затоа Библиотката “Феткин“ и во иднина ќе продолжи со работилници од овој вид .Битно е да се задржи и продлабочи соработка меѓу библиотеката,децата и родителите

9877665543567880000.jpg