МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска на Градскиот плоштад во Кавадарци се одржи традиционалната манифестација “Велигденски хепенинг 2017“.

Манифестацијата е во организација на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, во соработка со основните училишта од општина Кавадарци.Неколку стотици деца од сите основни училишта продаваа бојадисани јајца, а нивните блиски ги купуваа и јајцата и украсите за таа намена .Детската креативност е бесконечна и највредна.Затоа по симболична цена беа продадени сите предвидени експонати на основните училишта од Кавадарци. Покрај традиционалниот продажен Велигденски базар со велигденски творби на кавадаречките основци, целата манифестација бепе проследена со пригодна музичка програма.

(Видео-Кавадарци Велигденски хепенинг 13.Април 2017)