МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Камион излетал од патот кај Фаришка клисура

Три лица се повредени во сообраќајка на патот Росоман-Прилеп, информацијата ја потврдуваат од Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

-Според првичните информации кои ги имаме, камион излетал од патот кај клисурата близу кавадаречкото село Фариш. Истовремено е побарана помош од брзата помош од Кавадарци и Прилеп. Еден од повредените е пренесен во прилепската болница, а двајца во кавадаречката, информираше заначалникот на Службата доктор Антоан Паракеов.

Едното од лицата пренесени во општата болница во Кавадарци било потешко, а другото полесно повредено.