МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Проект од национален интерес: Едукативна работилница за деца со посебни потреби

Поради големиот интерес на децата со посебни потреби сместени во ОУ “ Страшо Пинџур“ во Кавадарци, Музеј галерија од Кавадарци организира со едукативната работилница под наслов “Учиме и цртаме за нашето културно наследство“.

-Овој исклучително важен проект има за цел децата со посебни потреби од нашиот град ги воведиме и запознаеме со нашето недвижно културно наследство во градот и околината. Минатата година започнавме со посета на Моклишкиот манастир, црквата Св. Никола, значаен споменик на културата од 16 век. Денес ја посетивме и презентиравме црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во Ваташа каде што дечињата преку моделирање со пластелин и глина, цртање и боење поблизу ја осознаа убавината и значењето на овој споменик на културата од 19 век. Покрај дваесетте дечиња учество зедоа и нивните наставници дефектолози – Зоран Велков, Костадинка Живковска и Драгица Арсова и наставничката по информатика, Маричка Спанџова.

Целта на проектот секако е да влијаеме едукативно на нив, преку дружење и забава и тие ги осознаат намената и функцијата на овие значајни споменици на културата, а нивните дела по повод 3-ти декември, денот на децата со посебни потреби, ги презентираме на изложба во нивниот центар.

Едукатор и раководител на Проектот е Весна Ѓорѓиева – виш кустос историчар на уметност во Музеј галерија, Кавадарци во соработка со Трајче Цветков – кустос историчар на уметност од истата институција.

Проектот е финансиран од страна на Министерство за култура - Скопје