МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нашите пожарникари од Противпожарната територијална единица Кавадарци повторно се во акција.

Во моментов три екипи со 3 возила се наоѓаат на територија помеѓу селата Паликура и Рибарци и гаснат пожар кој гори на две-три различни места.Како што дознаваме кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев е меѓу пожарникарите.

Гори сува треба и грмушки.

Пораката која сме замолени да ја пренесеме е да ги предупредиме граѓаните да не се движат на ова подрачје, и да внимаваат да не палат оган, кој поради невнимание и неосигурување може за многу брзо време да се прошири.Невнимателното палење на прачки од лозјата се најчести причини за проширување на пожарите кои често прават штети на околните имоти.