МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Силен впечаток на позитивна средба со природата и енергија која само овде можете да ја примите.

Организаторите „Тиквешките точакџии“ до еден,можат да држат часови за тоа :како да се прави сличен настан.Се функционираше добро и покрај (не)времето.Музичарите –техно расположени,народњаците народно, куварите направија добар грав,полицајците не мораа да интервенираат,брзата помош исто така.РТК-МК промовира по подолго време кавадаречки хумор каков навистина ни треба.Тие што заглавија со автомобилите беа извлечени од калта,оние што прокиснаа се исушија на огнот и се стоплија.

3333333333333333333333333333.jpg

Мрежичани добри домаќини,пастрмките беа убави,планинарите орни за одење и на долгата патека од над 50 километри.

А велосипедистите- вистински витези:желни за авантура, храбри,и сите полни со скромен ентузијазам но донесоа една порака која одамна ја немам видено во овие генерации.А тоа е : спортот и рекеативното возење точок да биде главниот мотив да се исполнува слободнотго време и со тоа да се промени мобилниот начин на живот на денешната млада генерација.Им честитаме на родителите кои деновиве на АлШар дојдоа со своите синови и керки.

999999999999999999999999999999.jpg

-РТК.МК ДЕНОВИВЕ КЕ ЕМИТУВА ПОВЕКЕ ВИДЕО ПРИЛОЗИ ОД „АЛШАР 2017“.

-Импресии,впечатоци на посетителите,разговор со шампионскиот вардаров ракометар Петар Ангелов -Диви,оценка на домакините за АлШар 2017,за промоцијата на „Лакардиите на Паја“ и друго.

-РТК.МК сними повеке од 2,5 часа видео материјал кој ке биде ставен во една целовечерна емиисија.Истовремено ги снимивме убавините на Витачево и Кожув.И ним ке им ги прикажеме на нашите верни читатели и гледачи.

Следете не...