МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Советениците на продолжението на 59-та седница дадоа виза за Програмата на Гроздоберот. Советниците на СДСМ беа потив . Организацијата на Гроздоберот ке се реализира со средства во износ од 5.970 000 денари

На денешното продолжение од минатата седница Советот на Општината расправаше по 6-та точка од дневниот ред која се однесува на Програмата на Тиквешкиот гроздобер 2017-манифестација која е традиционална и се одржува на почетокот на месец септември.

И годинава таа се одржува во септември , поточно на 7,8,9 и 10 септември 2017.На седницата претставникот на Фирмата организатор „Темов„ ФШТ ДОО Скопје одговараше на прашањата на опозицијата за детали поврзани со самата организација на содржините и начинот на обезбедување средства . Советниците расправаа и гласаа по неколку амандмани во фунција на ова манифестација.Имено еден од нив беше на Здружението на граѓани „Хаемус„- Винарија „Рустика“ по врзано со енолошко преставување на манифестација кој беше усвоен, а следните два амандмана кои ги поднесоа советниците на СДСМ се однесуваа на средства наменети за содржинскиот дел на програмата.Имено на нивниот предлог амандман за намалување на средствата во износ од 710.000 дeнари на 210.000 денари за организациско продукциски трошоци не беше усвоен, а вториот амандман за неодобрување на нови 250.000 денари за трошоци за карневалското дефиле со 9 за и 7 гласа против беше усвоен.

Инаку вкупниот буџет за годинашниот Тиквешки гроздобер изнесува 5.970.000 денари. Само општината ке покрие 4 милиони денари.

Според најавата :на 7-ми Септември Советот ќе одржи свечена седница по повод денот на ослободувањето на Кавадарци, а потоа ќе се одржи концерт посветен на песната на доајенот на македонската народна музика Никола Бадев.

Отворање на Гроздоберот е предвидено за 8 септември од 12 часот со Изложба во музеј галеријата, а од 13 часот ќе се дегустираат грозје и вина на градскиот плоштад. За вечерта се планирани концерти на „Чили плеј бенд“ и „Нокаут“, а на полноќ ќе се избираат крал и кралица на Гроздоберот.

Во сабота на 9 септември во програмата е планирана таблијадата, приемот на делегации од градоначалникот и вечерта карневалското дефиле и уметнички перформанс. Потоа за присутните на манифестацијата целовечерен концерт ќе одржи музичката звезда - Северина.

За 10 септември планирани се настапи на ДЏ Никифор и Депеш мод – трибјут.