Насмевка за Преображение 1928 година-село Ресава

На ова фотографијата , која денеска со повод, ја објавува Петре Камчевски од Музеј галеријатата,на еден кадар, е отсликан:животот , менталитетот и вековната определба на народот од овој крај-да биде со лозјата и грозјето.Фотосот е снимен на денешен ден, Преображение господово или попопуларно меѓу народот на Пребражен 1928 година во село Ресава, кога за прв пат во годината се зајадувало грозје .На овој чин присуствувал и селскиот поп.Во очи ни паѓа ведрината , насмевката на сите кои се наоѓаат на сликата. Фотографијата е од семејниот албум на семејството на Камчеви од Ресава.