-Избор на мис турист
Ова е легендарна фотографија.Првите години на Тиквешкиот гроздобер се избираше мис-турист на Грoздоберот. Ликот на една од убавиците Менка, тогаш го објавија сите весници на државите од поранешна Југославија, а со тоа стана популарно името на Кавадарци и Тиквешијата.Ова е фотос од изборот на првата Мис-турист, една од содржините на Тиквешките гроздобери во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. За прва убавица од изборот на Мис- турист беше избрана Менка Јордановиќ од Кавадарци.